Член1Назив и седиште на трговското друштво
Организатор на наградната игра “Вкуси ја среќата” е Друштво за производство, промет и услуги ЖИТО-ПРОМ Зоран ДООЕЛ Гевгелија, со седиште на улица Индустриска Зона бб-Локалитет/Блокотехна НЕГОРЦИ, ГЕВГЕЛИЈА и ЕДБ 4006995102270 (во понатамошниот текст Организатор).
Организаторот е исклучиво одговорен за административно, техничко и организациско спроведување на наградната игра.
Организаторот не одговара за квалитетот, искористувањето или евентуалната невозможност за користење на наградите.
Член2Услуги и производи заради чие рекламирање се приредува наградната игра
Целта на наградната игра организирана од ЖИТО-ПРОМ Зоран ДООЕЛ Гевгелија е рекламирање на брендот Dinev 4U.
Организатор на наградната игра ги обезбедува средствата односно наградите кои се доделуваат во рамки на наградната игра.
Во наградната игра учествуваат следните производи и пакувања:
- 4U Dinev Кроасан со какао 50г
- 4U Dinev Cookies Колачиња со чоколадни капки 114гр
- 4U Dinev Колачи со чоколадо и какао 135гр
(во понатамошниот текст: “Промотивни пакувања”)
Член3Име, опис и времетраење на наградната игра
Официјалното име на наградната игра е “Вкуси ја среќата”.
Право на учество во наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие Правила (Учесници).
Наградната игра ќе се одвива на веб-страницата https://dinevsnacks.com со пополнување на регистрациска форма со податоци од фискалната сметка што содржи минимум 3 производи од било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила.
Пријавувањето во наградната игра преку веб страницата е бесплатно.
Во наградната игра ќе се доделуваат 5 главни награди и 28 споредни награди по пат на едно извлекување.
Услов за учество во наградната игра е потрошувачот да купи минимум 3 производи од било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила и да ја пополни регистрациската форма на веб страницата со податоци од издадената фискална сметка за направеното купување во периодот на времетраење на наградната игра и под условите на наградната игра наведени во овие Правила.
Наградната игра започнува на 16.11.2026 година (понеделник) во 00:00 часот и трае до 01.03.2027 година до 23:59 часот.
По завршување на наградната игра прекинува и можноста за пополнување на регистрациската форма со податоци од фискалните сметки на веб-страницата, како и можноста за добивање награди.
Член4Територија
Наградната игра се организира и спроведува на територија на Република Северна Македонија.
Член5Рекламирање
Наградната игра ќе се рекламира во електронските медиуми (интернет, социјални медиуми, телевизија, радио), печатени и други медиуми и на локации каде се продаваат производите наведени во член 2 од овие Правила.
Член6Награден фонд
Наградната игра располага со награден фонд од вкупно 33 награди и тоа:
Награда Количина Износ во денари (со вклучен ДДВ) Патување во Disneyland Париз, Франција за 2 особи 1 74.400,00 iPhone 16 128GB White 1 15.990,00 Smartwatch Fuego HKY15 3 2.697,00 Пакет производи Dinev 4U со лонче 28 14.924,00 Вкупно 33 108.011,00 Вкупниот награден фонд изнесува 108.011,00 денари (со зборови: сто осум илјади и единаесет денари).
Добиените награди не можат да се заменат за пари, други награди или услуги.
Член7Услови за учество во наградната игра
Право на учество во Наградната игра имаат сите полнолетни физички лица, жители на Република Северна Македонија, кои ги прифаќаат и исполнуваат условите на овие Правила.
За потрошувачот да стане учесник во наградната игра потребно е да купи минимум 3 од било кој од производите кои учествуваат во наградната игра и се наведени во член 2 од овие Правила и со издадената фискална сметка од направеното купување да се регистрира за наградната игра.
Потоа, потрошувачот треба да се регистрира на веб-страницата dinevsnacks.com со следните податоци:
- име
- презиме
- електронска пошта
- телефонски број
- број на фискална сметка
- датум на купување прикажан на фискалната сметка
- време на купување прикажан на фискалната сметка
По процесот на регистрација со податоците од фискалната сметка, учесникот ќе добие повратна порака за успешна или неуспешна регистрација:
- Доколку регистрацијата е успешна, учесникот ќе добие повратна порака: „Честитки! Твојата регистрација е успешна!“
- Доколку регистрацијата е неуспешна, учесникот ќе добие повратна порака: „Хмм, настана грешка, пробај повторно“
Секоја фискална сметка може да биде регистрирана преку веб-страницата и да учествува само еднаш.
Еден учесник може да учествува во Наградната игра со неограничен број на регистрации и со пополнување на податоците од различни фискални сметки издадени при направени различни купувања кои содржат минимум 3 од било кој од производите наведени во член 2 од овие Правила.
Учесникот мора да ја чува оргиналната фискална сметка што ја има регистрирано до крајот на наградната игра и истата ќе треба да ја приложи за да ја подигне наградата доколку е евентуален добитник.
Во случај фискалната сметка да не содржи ниту еден од производите кои учествуваат во Наградната игра и се наведени во член 2 од овие правила, нема да биде земена во предвид и нема да учествува во наградната игра.
Организаторот го задржува правото да ги одбие сите фискални сметки кои се стекнати на нелегитимен начин, копирани, повторувани, репродуцирани, дуплирани, измислени или модифицирани на кој било начин. Организаторот ќе го смета за невалиден оној формат на регистрации од фискални сметки чии податоци не соодвестуваат со оние на физички приложената фискална сметка.
Добитниците се одредуваат од базата на успешни регистрации испратени со пополнети податоци од фискални сметки, автоматизирано по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор, без влијание на човечки фактор. Во извлекувањето по случаен избор ќе бидат извлечени успешните регистрации со фискалните сметки и ги исполнуваат условите на овие Правила.
Сите корисници кои ќе имаат потешкотии при процесот на регистрација или внесување на податоци од фискалната сметка, може да се консултираат електронски на snacks@aleksandardinev.com.
Процесот на регистрација преку веб страницата на dinevsnacks.com е бесплатно.
Во наградната игра забрана за учество имаат лицата кои во текот на времетраењето на наградната игра се вработени кај Организаторот на наградната игра: Друштво за производство, промет и услуги ЖИТО-ПРОМ Зоран ДООЕЛ Гевгелија, Вајкриејтив ДООЕЛ Скопје и 2мороу солушнс ДООЕЛ Скопје и членовите на нивните потесни семејства.
Правилата на наградната игра, начинот и услови за учество во наградната игра и нејзиното времетрање, Организаторот ќе ги објави на веб-страницата dinevsnacks.com по добивањето на согласност од страна на Министерството за финансии.
Член8Спроведување на наградната игра
Во Наградната игра „Вкуси ја среќата“ предвидено е да се доделат вкупно 33 награди во рамки на 1 (едно) наградно извлекување преку извлекување по случаен избор што ќе се одржи на 03.03.2026 година во 12 часот на пладне.
Добитниците се избираат од базата на успешни регистрации од фискални сметки, автоматизирано по компјутерски пат со користење на алгоритам за случаен избор, без влијание на човечки фактор. Извлекувањето на наградите по случаен избор ќе се одвива со автоматизиран процес на сервер лоциран во Европа и специјално креиран софтвер за оваа намена инсталиран во просториите на 2morrow.Solutions со седиште на ул. Манчу Матак, бр.14, Скопје, Северна Македонија.
Секој учесник може да учествува со неограничен број на регистрации со податоците од една фискална сметка. Секој учесник може да биде извлечен за конкретната награда само еднаш.
За секоја од наградите во наградниот фонд ќе биде извлечен и еден резервен добитник.
За спроведување на наградната игра ќе биде назначена жири комисија со членови составена од:
- 1 претставник од Житопром
- 1 претставник од Why Agency
- 1 претставник од 2мorrow.solutions
По завршување на наградната игра (на 01.03.2027 година во 23:59 часот) престанува и можноста за регистрација и добивање награди.
Член9Објавување на резултатите од наградната игра
Добитниците на награди ќе бидат објавени на веб-страница dinevsnacks.com и на социјалните мрежи на Dinev Snacks (Facebook и Instagram профили) во рок од 3 дена по извлекувањето.
Добитниците ќе бидат објавени со цело име и првата буква од презимето и прикриени последните 3 (три) цифри од нивниот телефонски број.
Добитниците на наградната игра со самото учество се согласни доколку добијат една од наградите, нивниот телефонски број со кој се регистрирале при испраќање на фискалната сметка (со скриени три карактери, името и првата буква од презимето како и наградата која ја добиле да бидат јавно објавени на веб-страницата dinevsnacks.com и социјалните профили на Dinev Snacks.
Горенаведените лични податоци побарани од страна на Организаторот и трансферирани од страна на корисникот се користат исклучително за управување и спроведување на учеството во наградната игра и доделување на наградите.
Член10Доделување на наградите
Наградите ќе бидат доделени во рок не подолг од 60 дена од денот на објавување на добитниците.
По истекот на 60-те дена од извлекувањето, Организаторот нема никаква одговорност околу наградите.
Со учество во наградната игра и прифаќање на овие Правила добитникот е согласен следните лични податоци да бидат проследени до правното лице кое ја организира испораката/доделувањето на наградите:
- Број на фискална сметка
- Име
- Презиме
- Контакт телефон
- Електронска пошта
- Адреса на живеење
Добитниците на награди ќе бидат исконтактирани од страна на Организаторот на наградната игра на телефонскиот број трансфериран при регистрација на веб-страницата во рок од 3 дена од денот на извлекување и ќе бидат известени за добиената награда и ќе им биде побарано да обезбедат податоци за достава (име и презиме, телефонски број и адреса).
При преземање на наградите добитниците се должни да се идентификуваат со документ за лична идентификација, да ја предадат на увид фискалната сметка што е добитна, како и да потпишат изјава и/или записник за примопредавање/преземање на наградата.
Добитникот на главната награда е должен да ја искористи главната награда најдоцна до 31.12.2027 година.
Доколку фискалната сметка не се совпаѓа со податоците од фискалната сметка внесени при регистрацијата на веб-страницата, добитникот го губи правото на наградата.
Доколку фискалната сметка не содржи минимум 3 од било кој од производите или ниту еден од производите кои учествуваат во Наградната игра, а се наведени во член 2 од овие Правила, добитникот го губи правото на наградата.
Доколку потенцијалниот добитник не е достапен или пак не ги достави бараните податоци во рок 60 дена од моментот на известување дека е добитник на награда, од било која причина, за која не е и нема да биде одговорен Организаторот, тој/таа го губи правото на награда и истата се пренесува на првиот резервен добитник.
Доколку добитниците не ги достават потребните податоци или достават нецелосни или неточни податоци за достава на наградата, Организаторот нема да се смета за одговорен во случај наградата да не биде доставена на добитникот.
За да биде доставена наградата неопходно е сите потребни податоци да бидат точни и да се однесуваат на полнолетно лице. Во случај да се достават нецелосни или неточни лични податоци или податоци за лице кое не е полнолетно, наградата нема да биде доделена.
Добитниците не може да ги заменат своите награди за паричен износ еднаков на нивната вредност, ниту пак за кој било друг предмет. Вредноста на наградата не е делива и се искористува одеднаш во целост.
По истекот на 60-те дена од објавувањето на добитниците на награди, Организаторот нема никаква одговорност околу наградите.
Во случај да нема доволно пријавени учесници за да се доделат планираните награди – наградите, остануваат како недоделени и му остануваат на Организаторот на наградната игра.
Член11Право на приговор
Секој учесник има право да поднесе приговор за текот на наградната игра до Организаторот во рок од 5 (пет) дена од објавување на добитниците, а Организаторот ќе одговори на приговорот во рок од 5 (пет) дена од денот на неговиот прием.
Член12Одговорност
Целокупниот награден фонд ќе биде обезбеден од страна на Организаторот.
Организаторот ќе биде одговорен до целосна реализација на наградите, односно до подигнувањето на наградите или најдоцна до 60 дена од денот на објавување на добитниците.
Со преземањето на наградите, престануваат понатамошните обврски на Организаторот на наградната игра спрема добитниците.
Организаторот, односно Нарачателот, нема никаква одговорност која може да произлезе од користењето на наградите, како и плаќање на штети кои на некаков начин се поврзани со користењето на наградата.
Организаторот, односно Нарачателот не презема одговорност за функционалноста на системот и механизмот преку кој ќе се одвива наградната игра, доделуваат, доставуваат и преземаат наградите.
Организаторот не одговара за евентуални штети причинети во текот или во врска со учеството во наградната игра.
Потенцијалниот учесник во оваа наградна игра разбира и се согласува дека учествува во наградната игра на свој сопствен ризик. Со самото учество во наградната игра учесникот се согласува, доколку добие некоја награда, неговиот телефонски број со кој е регистриран на сајтот (со скриени 3 карактери) и наградата која ја добил, да бидат јавно објавени на сoцијалните мрежи на Dinev Snacks и веб страницата dinevsnacks.com
Организаторот на наградната игра не дава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку потроши поголема сума на пари.
Организаторот на наградната игра не издава гаранција дека учесникот ќе добие награда доколку учествува со поголем број на фискални сметки.
Организаторот не одговара во случај кога добиена награда не може да биде дадена или искористена поради невозможност потенцијалниот добитник или негов претставник да се јави и да ја добие наградата во определените рокови или поради други технички или правни пречки врзани со конкретниот добитник или негов претставник и поради околности предизвикани од виша сила, нормативни или законски ограничувања или други околности.
Организаторот ќе ги користи и обработува личните податоци на добитниците исклучиво за целите на Наградната игра и тоа заради идентификација на добитникот, заради проверка на правото за учество во наградната игра и за испорака на наградата и вршењето увид во личната карта е потребно за да се утврди правото на учество во наградната игра.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека нема да ги проследува личните податоци на трети лица, освен доколку е тоа потребно за изведување на наградната игра согласно Закон.
Организаторот на наградната игра се обврзува дека личните податоци ќе ги обработува и чува во период од 3 месеци по завршувањето на наградната игра дека во овој период ќе применува технички и организациски мерки кои ќе обезбедуваат соодветен степен на тајност и заштита на лични податоци на субјектите на лични податоци. После тоа истите ќе ги уништи согласно неговите процедури за уништување документи, а според прописите за заштита на лични податоци.
Сите учесници имаат право на информации за начинот и законската основа за обработка, пренос и чување на нивните лични податоци, како и право на пристап, исправка и бришење на податоците според Законот за заштита на личните податоци. Овие права може да се остварат преку барање до Организаторот или до Агенцијата за заштита на личните податоци.
Учесникот има право во секое време да ја повлече согласноста за обработка на неговите лични податоци, со тоа што истото ќе значи и повлекување од натамошно учество во наградната игра.
Член13Прекинување на наградната игра
Наградната игра може да биде прекината во случај на виша сила, согласно чл.10 од Законот за игри на среќа и забавни игри, вклучувајќи ја неможноста на Организаторот да ја изведе наградната игра поради причини независни од неговата волја.
Во овој случај, Организаторот, по известувањето и добиената согласност од Министерството за финансии, треба да ги информира потрошувачите за прекинувањето на наградната игра, за причините за прекинувањето и за датумот на прекинување преку соопштение во медиумите.
Член14Потенцијални спорови
Во случај на спор помеѓу Организаторот и учесниците на наградната игра, надлежен е Основниот граѓански суд Скопје во Скопје.
Член15Задолжителни правила
Oвие официјални правила ќе започнат со применување по добивањето на согласност од Министерството за Финансии и по нивното објавување од страна на Организаторот и истите ќе важат сѐ до завршување на наградната игра. Со учество во наградната игра секој учесник ги прифаќа сите права и обврски утврдени во овие Правила.
Сите заинтересирани може да добијат примерок од правилата на наградната игра на свој трошок од канцелариите на Житопром.
Организатор
ЖИТО-ПРОМ Зоран ДООЕЛ Гевгелија